Денес, функционери на ВРЕДИ и тоа – вицепремиерот и поранешен градоначалник на Чаир, Изет Меџити, и сегашниот градоначалник на Општината, Висар Ганиу, го обелоденија преименувањето на булеварот ,,Христијан Тодоровски Карпош” во ,,Мајка Тереза”, велат од Левица.
„За ситни политички поени и за продолжување на проектот на ДУИ за целосно бришење на антифашистичкото минато од оваа скопска општина, сега на ред дојде и овој булевар кој го поврзува северниот дел од градот со централното градско подрачје. Претходно на овој тренд на преименување подлегнаа и улиците кои ги носеа имињата на чаирски народни херои: како ,,Цветан Димов” која стана ,,Хасан Приштина”; како улицата ,,Втора македонска ударна бригада” преименувана во ,,Адем Демачи” и Паркот на НОБ кој стана Парк Украина и во кој сега стои и биста на некогашниот американски претседател Вудро Вилсон, меѓу другите“, посочуваат од Левица и додаваат:
„Напоредно, ВРЕДИ ќе менува и ДВЕСТЕ имиња на улици во Тетово по желба на неофашистичкиот градоначалник и со благослов од ДПМНЕ, од кои повеќето носат имиња од НОБ. Исцртувањето на етнички линии и ,,беирутизација” на Скопје се соништа на политичката елита од албанските партии, за да се подели државата како политички плен и да се зголеми мизеријата на обичните луѓе. За овој план е потребно бришење на спомениците на антифашизмот, цел кон која и оваа Влада на ДПМНЕ, ЗНАМ и ВРЕДИ брза“.