Две лица загинаа, а трето е тешко повредено при експлозија на гума на авион „Делта“ на меѓународниот аеродром Хатерсфилд Џексон во овој американски град во Џорџија.
Експлозијата се случила во делот за одржување на аеродромот околу пет часот наутро по локално време. Еден вработен во компанијата „Делта“ и еден од работниците ангажирани за одржување на авиони загинале на лице место, додека третото лице е тешко повредено.
Во објавеното соопштение „Делта“ изрази сочувство за жртвите.
– Семејството Делта е уништено од загубата на двајца членови на тимот и повредата на уште еден по инцидентот утринава во делот за технички операции за одржување во Атланта (TOC 3). Дадовме целосна поддршка на членовите на семејството и колегите во овој неверојатно тежок период – напишаа од авиокомпанијата.
Авионот патувал од Лас Вегас за Атланта. Засега не е јасно што ја предизвикало експлозијата.