Северина се огласи на Инстаграм откако српската полиција ја приведе на разговор додека ја минуваше границата поради, како што пишуваат српските медиуми, „контроверзни изјави“ кои ги дала во јавноста.
View this post on Instagram
„Повик до нашите гранични полицајци и полицајки. Тоа што ми се случи, не сакам никому да му се повтори. За слободата на мислата и говорот, за нас, за нашите деца, за толку многу љубов што секојдневно патува низ нашата граници… Ние сме тука, едни и други и еден за друг“, напиша таа.
„Да не враќаме со истата мерка, моите колеги од Србија да продолжат непречено да доаѓаат и да работат во Хрватска. Соработката во културата не смее да престане, економијата и онака е незапирлива. Единствените кои можат да профитираат од ова се исклучиво политичарите.
Ви благодарам на сите за поддршката, ви благодарам за многуте пораки, кои немам време ниту да ги прочитам, а камоли да ги објавам. Повеќето се од Србија: Белград, Нови Сад, Шабац, Рума, Пазар, Чачак, Ниш, Лозница… Извинете до оние што ги изоставив, ми го наполнивте срцето. Сите го пишуваат истото: „Србија не е Вучиќ, Србија сме ние“, додаде таа.