Битиќи: Ништо не е променето во функционирањето на ВМРО-ДПМНЕ, Костадиновска Стојчевска не е единствената која е мета на нивните директни напади

Преку Законот за финансиската поддршка на инвестициите од 2018 до 2022 година со 57 милиони поддржавме 630 компании, кои инвестираа над 340 милиони евра
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

„Ништо не е променето во функционирањето на ВМРО ДПМНЕ – ниту од периодот кога беа во опозиција изминатите 7 години, а ниту од 11те години режим предводен од бегалецот во Будимпешта“, напиша на социјалните мрежи пратеникот на СДСМ и поранешен вицепремиер за економски прашања, Фатмир Битиќи.


„Се обидуваат со лажни и перфидни објави да ја доведат јавноста во заблуда и потоа истите тие таканаречени информации ги споделуваат преку нивната армија од ботови по социјалните мрежи со цел оцрнување на СДСМ и прикривање на сопствената неспособност за водење на државата на транспарентен и домаќински начин.

Мојата колешка Бисера Костадиновска Стојчевска не е единствената која е мета на нивните директни напади – тоа го прават и со Славјанка Петровска и ќе го прават и со многу други.

Но вистинската причина за сите овие напади не се измислените скандали, туку тоа е потребата да ја дефокусираат јавноста од сериозните забелешки од страна на Платформата на граѓанските организации за борба против корупција за нетранспарентност и обиди за криење на коруптивни дејствија со исклучувањето на функционалноста на алатката „Отворени финансии“ и со блокирање на пристапот до податоците за државните тендерски постапки од Бирото за јавни набавки.

Заплашувањето е стара авторитарна метода која што и во најтешкиот режим не дала резултат, а ниту сега нема да ни ја одземе слободата и нема да нè замолчи!“, напиша Битиќи.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK