Полска: Рускиот воен објект што навлезе во воздушниот простор најверојатно бил дрон

677z381_677z381_w_57738484-1.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Објектот што навлезе во воздушниот простор на Полска рано денеска за време на рускиот напад врз Украина, најверојатно е беспилотно летало, изјави портпаролот на полската армија Јацек Горишевски.


Полската агенција ПАП претходно објави дека објектот, за кој не се знаело дека е дрон, најверојатно слетал на полска територија.

„За време на масовниот напад во понеделникот на украинска територија, објект најверојатно слетал на територијата на Полска“, изјави оперативниот командант на полските вооружени сили, генерал Мачеј Клис.

Според него, објектот бил откриен од најмалку три радарски станици.

Полска, членка на НАТО, се граничи со Украина и го поддржува Киев од почетокот на руската инвазија во февруари 2022 година, според Ројтерс.

Најмалку пет лица загинаа утрово низ Украина кога руските сили лансираа повеќе од 100 проектили и околу 100 беспилотни летала.

Во нападите беа оштетени енергетски објекти низ земјата, а некои области останаа без електрична енергија, а на некои места исчезна и водата, соопштија украинските власти.

Руската армија соопшти дека нејзините сили утринава извршиле масовен напад со високопрецизно оружје и беспилотни летала врз објектите на критичната енергетска инфраструктура што ја обезбедиле работата на воено-индустрискиот комплекс на Украина.

Експлозии се слушнаа во Киев, Луцк, Запорожје, Одеса, Лавов, Харков и други украински градови.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK