Пукање во близина на училиште во Црна Гора: има повредени

Screenshot-2024-08-26-110952.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Едно лице е тешко повредено во престрелката што се случила синоќа во Тузи, во близина на мешаното средно училиште „25 Мај“, соопшти Управата на црногорската полиција.


Осомничениот за ова кривично дело е приведен, а од него е одземен пиштол „магнум 357“ кој ќе се вештачи во Центарот за судска медицина при Полициската управа.

„Истиот ден во Клиничкиот центар на Црна Гора е примено едно лице со повреди во пределот на левото стапало предизвикани од дејство на проектил испукан од огнено оружје, при што му се констатирани тешки физички повреди – фрактура на коските на стапалото“, се наведува во полициското соопштение.

Во врска со пукањето, додаваат, сослушани се четири лица, а идентификуван е и А.У. (23) кој е осомничен дека употребил оружје.

А.У. е приведен поради сомнение дека сторил кривично дело тешко кривично дело против општата сигурност во врска со кривично дело недозволено држење и држење оружје и распрскувачки материи, се наведува во соопштението.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK