„Барселона е мал клуб, Сити е гигант“

skysports-claudio-bravo-manchester-city_4305369.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Чилеанскиот голман Клаудио Браво ги коментираше своите поранешни тимови Барселона и Манчестер Сити.


Браво го спореди начинот на кој што функционираат клубовите со зборовите дека „Барселона функционира како мал клуб“.

„Барса работи како мал клуб, ширум светот има статус на голем клуб. Гигант. Реал Мадрид и Барселона се најголемите клубови во однос на медиумите, популарноста. Во Азија, САД, насекаде… Гигант, но интерно тоа е многу мал клуб, секогаш исти лица, играчи, персонал, тројца или четворица обезбедувачи, готвачи…“

Голманот беше во Барселона во периодот од 2014 до 2016 година.

Потоа зборуваше за Манчестер сити за кој настапуваше од 2016 до 2020 година.

„Манчестер сити на секое ниво е голем клуб. Гигант. Кога станува збор за ресурсите, нема ограничувања. Има луѓе на базенот, во соблекувалната, во медицинскиот блок, во салата… Многу луѓе. Тие не штедат на ресурси и на персонал за играчите да се развиваат што е можно подобро и ништо да не им фали. Единственото нешто е за што треба да се грижат играчите се натпреварите. Го имавме најдобриот кондициски тренер, само еден туку двајца-тројца. Во медицинскиот блок имаше 20 кревети, не пет. Имавме двајца-тројца доктори“, заклучи Браво.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK