Германската полиција приведе осомничен за нападот во Солинген каде загинаа три лица

berlinski-policajci.png
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Едно лице е приведено во рамките на истрагата по синоќешниот смртоносен напад со нож во Солинген, западна Германија, соопшти денеска полицијата.


Сторителот на нападот побегнал. Полицијата во Дизелдорф соопшти дека проверува дали уапсениот има „каква поврзаност со нападот“.

Во нападот загинаа три лица, а осум се повредени. Нападот се случи додека десетици илјади луѓе во Солинген присуствуваа на одбележувањето на 650-годишнината од основањето на градот.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK