Здравствената состојба на српскиот музичар Борислав Ѓоргевиќ – Бора, познат и како Бора Чорба, се влоши во последните неколку дена, а неговиот менаџмент објави дека е хоспитализиран во Словенија.
Како што досега е соопштено, Бора Чорба има тешка пневмонија, а од вчера е поставен и на респоратор.
Тој беше хоспитализиран во болница во Љубљана пред три дена поради проблеми со белите дробови.