17-годишна тинејџерка влегла во камперот и починала од струен удар во сопствениот двор во Охајо

Американка-се-изјаснила-за-виновна-го-оставила-бебето-само-и.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

17-годишната Оливија Брајт била погодена од струен удар додека влегувала во камперот во дворот на нејзиното семејство во Источен Толедо, Охајо.


Девојката боса влегла во камперот кога ја удрила струја. Се верува дека камперот бил влажен поради врнежите што тој ден ја погодија американската сојузна држава.

Полицајците, кои по повикот излегле на терен, околу 21 часот пронашле тинејџерка со срцев удар и со изгореници на десната рака.

„Таа неочекувано почина од струен удар. Ова е исклучително тешко за нашето семејство бидејќи го загубивме нејзиниот брат на 11-годишна возраст во 2019 година поради рак на мозокот“, пишува на страницата што беше отворена за собирање средства за организација на погребот, пишува „Метро“.

Братот на Оливија, Брендон Џејмс Брајт, починал на 11-годишна возраст во февруари 2019 година „по тешка битка со ракот на мозокот во неговиот дом опкружен со неговото семејство“, се вели во неговиот некролог.

Пожарникарите, откако излегле на терен по пријавата, на истражителите им рекле дека камперот бил исклучен и дека на вратата нема траги од пожар.

„Сè што сакам да знам е како почина мојата ќерка. Тоа се одговорите што ги сакам“, рече Кимберли.

“Тешко е. Пред пет и пол години го погребав син ми Брендон. Имаше 11 години, почина од глиобластом”, додала мајката.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK