„Денеска потпишав договор за исплата на финансиски средства за трансфер на заостанати плати на 509 вработени во АД Водостопанство. Вкупно сто милиони денари се обезбедени за АД Водостопанство. Работиме домаќински за да ја вратиме надежта кај народот за подобра иднина,“ истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски при потпишувањето на договорот за исплата.
Тој го потенцираше сериозниот пристап кој што го има Министерството и Владата, и во наредниот период според најавите во фокусот ќе бидат задоволни земјоделците како и вработените во државните институции.
„За само педесет дена работа, оваа Влада на чело со премиерот Мицкоски работи посветено во решавање на проблемите кои ги наследивме од претходната Влада“, велат од МЗШВ.