Мицкоски ги штити виновниците за бегството на Рамадани, Тошковски да си даде оставка а ОЈО итно да спроведе истрага

ojo.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Бегството на Рамадани, односно организираната партиско полициска шема за негово пуштање е огромен, мега скандал за кој мора да има одговорност. Власта на ВМРО-ДПМНЕ, ВЛЕН и ЗНАМ е фатена жива, велат од СДСМ.


„Тоа што Христијан Мицкоски се фрли на обвинувања на СДСМ и не бара одговорност од никого, покажува дека наредбата за реализација на оваа партиско полициска шема за пуштање на Рамадани на Косово дошла од повисоко.

Христијан Мицкоски наместо да побара одговорност и внатрешна истрага за скандалот, тој се обидува да го забошоти. Како Мицкоски знае за она што го објави СДСМ без истрага?“, прашуваат од оваа партија.

СДСМ бара ОЈО да спроведе независна истрага, да не штити никого во овој мега скандал.

СДСМ бара декласификација и објавување на снимките од граничниот премин веднаш.

„Нека се објават снимките и нека видат граѓаните која е вистината. Лагите на Мицкоски ќе излезат на виделина секако.

Тошковски треба да си даде оставка а ОЈО да отвори постапка за организирано пуштање на слобода на затвореник од страна на лица вработени во МВР и Општина Чаир“, додаваат во реакцијата.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK