Во затворот во градот Суровикин во регионот на Волгоград, некои затвореници ги нападнаа затворските чувари и затворската управа и земаа заложници, соопшти Руската Федерална агенција за извршување на затворски санкции.
Затвореници на седницата на дисциплинската комисија со ножеви ги нападнале вработените во затворот и ги земале како заложници. Руските медиуми јавуваат дека е можно да има жртви меѓу чуварите и управата.
Одредени канали наведуваат дека се работи за затвореници кои се членови на терористичката организација Исламска држава. Засега нема потврда за оваа информација.
Според руските медиуми, ранет е шефот на полициската станица, како и уште три лица. Ранетите, според неофицијални руски медиуми, се префрлени во болница.
Наводно, имам од Волгоград бил ангажиран да преговара со киднаперите. Наводно, киднаперите бараат хеликоптер и два милиони долари. За тоа пишуваат телеграмски канали поврзани со руската полиција. Нема официјални потврди за оваа информација.
Руските медиуми јавуваат дека специјална антитерористичка единица пристигнала пред затворот и се подготвува за операција за ослободување. Во затворот има околу 1.230 затвореници.