Бројот на смртни случаи од топлина во Европа ќе се зголеми тројно до крајот на векот

677z381_677z381_vrucina-leto-kisobran-devojke-epa-efe-MICHAEL-REYNOLDS.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Бројот на смртни случаи поради жештините во Европа би можел да се зголеми тројно до крајот на векот, а најмногу жртви ќе има во јужноевропските земји како Италија, Грција и Шпанија, се наведува во студијата објавена во списанието Lancet Public Health.


Иако студот е посмртоносен од екстремната топлина, научниците изјавија дека ако глобалното затоплување достигне три или четири степени, односно ако планетата се загрее за три или четири степени, зголемувањето на смртните случаи од топлина значително ќе ги надмине смртните случаи предизвикани од студ, пишува Гардијан.

„Многу повеќе смртни случаи поврзани со топлината се очекуваат како што климата се загрева и населението старее, додека бројот на смртни случаи поврзани со студ малку се намалува“, рече коавторот на студијата Дејвид Гарсија-Леон од Истражувачкиот центар на Европската комисија.

Екстремните горештини би можеле да убијат околу 130.000 луѓе годишно, доколку температурата се искачи на три степени над прединдустриското ниво. Денес во Европа 44.000 смртни случаи се предизвикани од топлина.

„Ова истражување е остар потсетник за бројот на животи во опасност ако не дејствуваме доволно брзо против климатските промени“, рече Медлин Томсон, шеф на климатските влијанија и адаптација во добротворната организација за здравствени истражувања Велком, која не беше вклучена во студиjata.

Научниците ги разгледаа податоците од 854 градови за да ги проценат смртните случаи од високите и ниските температури низ целиот континент. Тие заклучија дека жештините ќе бидат фатални за луѓето во сите делови на Европа, но дека најголем број жртви ќе има во јужноевропските земји како Шпанија, Италија и Грција, како и делови од Франција.

Тие прогнозираа дека доколку планетата се загрее за три степени, бројот на смртни случаи ќе се зголеми за 13,5 отсто и дека повеќето од загинатите ќе бидат постари од 85 години.

Истражувачите заклучија дека напорите за прилагодување на климатските промени треба да се фокусираат на региони со висока невработеност, сиромаштија и емиграција, пренесува Танјуг.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK