Поставени мерачи за мерење на квалитетот на воздух во Општина Илинден

meraci-za-vozduh-2.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Во рамки на активностите за следење и мониторирање на квалитетот на амбиенталниот воздух на територија на Општина Илинден, на пет локации поставени се посебни уреди за мерење на квалитетот на воздухот.



„Мерните уреди се поставени на јавни општински установи во населените места Илинден, Марино, Кадино, Бунарџик и Миладиновци. Тие претставуваат посебни сензори кои детектираат промени на амбиенталниот воздух и преку апликацијата Breathe.mk, се овозможува пријавување на загаденоста на воздухот, поднесување на извештаи за степенот на загаденост на воздухот, со датум, време, локација во живо, ниво на загадувањето што може да се почувствува и др. На овој начин секоја промена на воздухот ќе биде регистрирана и ќе се овозможи да се лоцира изворот на загаденоста на воздухот“, извести Општина Илинден.

„Овој проект е реализиран во соработка помеѓу Општина Илинден и Здружението за заштита на животната средина Заедно за промена Скопје.

Овој проект е согласно Стратешкиот план за развој на Општина Илинден и неговата реализација ќе овозможи да се следат параметрите на квалитетот на воздух во пресрет на престојната грејна сезона која загадувањето на воздухот е повеќекратно зголемено над дозволената граница и да превземе одредени мерки и активности“, се наведува во соопштението на Општина Илинден.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK