Полициската станица Бјеловар поднесе пријава против сите пет жени сторители за делото од член 13 од Законот за прекршоци против јавниот ред и мир.
Во Бјеловар, околу 15 часот и 25 минути, на 20 август пет жени на возраст од 39, 37, 20, 19 и 18 години се степале на паркингот во трговскиот центар на улицата „Влахе Паљетка“. Имено, тие се обвинети дека го нарушиле јавниот ред и мир покажувајќи една на друга среден прст, викале и се туркале.
По навредите, тие имале физичка пресметка. Почнале да се туркаат и да се влечат за коса, а ескалацијата била спречена од полициски службеник кој не бил на должност, се вели во соопштението од СВР Бјеловар.
Полициската станица Бјеловар до надлежното одделение за прекршоци при Општинскиот суд Бјеловар поднесе пријава за сторено дело од член 13 од Законот за прекршоци против јавниот ред и мир против сите пет жени сторители.