На денешната прес-конференција СДСМ ги објави информациите од свиркачите за скандалот со свадбената поворка на Африм Гаши и скандалот со злоупотреба на граничниот премин Блаце. СДСМ побара оставка од Тошковски, декласификација на снимките од граничнниот премин и идетална истрага за скандалот.
– Време е за одговорност, онаму каде што вистински е лоцирана, почнувајќи од министерот Тошковски па се до крај. Бараме целосно да се декласифицираат и да се објават снимките од граничниот премин Блаце за време на целиот ден. Граѓаните да видат кој се поминал без контрола но и да се види дали и други возила се пропуштаат на граничниот премин Блаце. Тоа ќе биде основа и за истражните органи да постапуваат. Бараме Тошковски да си даде оставка. На тој начин ќе остави простор истражните органи, Јавното обвинителство, во транспрентна постапка и без притисок да ја утврди одговорноста на сите инволвирани во овој голем скандал. ОЈО да отвори детлна истрага и овој скандал да има разрешница. Секој што го прекршил законот мора да одговара, рече Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ.
„Ова е голем скандал кој не значи само тешка злоупотреба на граничниот премин, туку и своеволие, прекршување на законите и потенцијлно направени кривични дела кои допрва треба да се истражуваат. Безбедноста на границите ни е нарушена а граничната контрола целосно суспендирана и ставена под партиска команда на ВЛЕН и ДПМНЕ. Ова е недозволиво и опасно за државата членка на НАТО и одговорност мора да има“, додаваат од СДСМ.