Две лица се повредени на летот од Грција за Лондон, откако бил погоден од силни турбуленции, поради што пилотите принудно слетале.
На летот имало 181 патник, а од Крф полетал околу 12:44 часот.
Набргу по полетувањето, по големи турбуленции, авионот принудно слета на аеродромот „Фиумичино“ во Рим.
Како што пишува „Мирор“, двајца членови на екипажот се повредени додека се подготвувале да послужат храна.
Портпаролот на EasyJet изјави: „На летот на 19 август имаше турбуленции. За жал, двајца членови на кабинскиот екипаж беа повредени. Како резултат на тоа, пилотот одлучи да го пренасочи летот во Рим, каде што стјуардесите добија лекарска помош“.