Планот на Барселона да го донесе Нико Вилијамс пропадна, па сега во клубот бараат друго решение за таа позиција. Дел од шпанските медиуми пренесоа дека Барселона ќе се обиде да го ангажира Рафаел Леао.
Барселона има големи проблеми со финансиите, поради тоа го пушти Гундоган, бидејќи откако се ослободи од неговата плата направи простор за да го регистрира Дани Олмо. Знаејќи ги финасиските проблеми на клубот, трансферот на Леао делува како научно фантастичен филм.
На стартот на преодниот рок од Милан јасно кажаа дека нема да се противат натрансферот на Леао, но заинтересираниот клуб ќе треба да плати помеѓу 90 и 100.000.000 евра.
Барселона ќе мора да прподаде можеби неколку играчи со поголеми примања за да можат да го финансираат овој трансфер.
Меѓу потенцијалните кандидати се Рафиња, Феран Торес, Андреас Кристенсен, Алехандро Балде и Игнасио Мартинез.
Во комбинација се и Роналд Араухо, Френки Де Јонг и Ансу Фати но тие во моментов се повредени, па нивната продажба не би била толку едноставна.
Барса има уште неколку алтернативи за левата крилна позиција, а тоа се Федерико Киеза од Јувентус и Кингсли Коман од Баерн.
Леао, минатата сезона во сите натпреварувања имаше учинок од 15 голови и 14 асистенции.