Започна 15-то јубилејно Карпошово културно лето

karposovo-leto-2.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Со звуците на македонските музички евергрини, отпеани од познати и искусни солисти и легенди, вчеравечер официјално се отвори 15-то јубилејно Карпошово културно лето 2024 година на плоштадот „Делфина“.


Карпошани уживаа во изведбата на националниот џез и гудачки оркестар, а повозрасната публика се потсети на старите хитови отпеани од Андријана Јаневска, Џон Илија Апелгрин, Ана Петановска, Светлана Јовановска, Зорица Поп Панкова и Драган Мијалковски.

Секретарот на Општина Карпош, Ивана Ордевска, ги поздрави присутните, на кои им посака овие денови да уживаат и да се дружат заедно со богатата програма.

– Оваа година обрнавме внимание на домашната сцена. Овогодинешното Карпошово лето, љубителите на добрата музика, ќе имаат можност да ги слушнат македонските изведувачи на чалгиска музика, незаборавните хитови на познати домашни бендови, но и да погледнат ликовни дела од нашите врвни уметници. Од името на градоначалникот Стевчо Јакимовски, Советот на Општина Карпош и сите вработени во администрацијата, имајте пријатни летни вечери, кои ќе траат од 19 до 27“, заврши Ордевска.

Имено, Карпошовото лето е културно-уметничка манифестација преку која се празнува културата и уметноста. Театарот секогаш е дел од ова случување, кое е пропратено со музика. Карпош беше и ќе остане голем подиум на кој настапија и ќе настапат големи ѕвезди од домашната и странската музичка сцена.

Плоштадот „Делфина“, ќе биде местото на кое што, наредните денови ќе ги собере граѓаните од околните населби, а оваа вечер е резервирана за чалгиска музика изведена од квартетот „Езгија“ на Филип Шурбевски, за потоа да продолжи со Христијан Проданов и Бендот „Вертиго“.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK