Објавена слика од момчето кое загина во забавниот парк во Пефкохори: „Почувствував како ми се откачи дел позади грбот, а брат ми одлета“

jani-pefkohori.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Мајката и братот на младото момче (19), кое загинало кога се скршило седиште на рингишпил во забавниот парк во Пефкохори, ужасно врескале додека ја гледале трагичната сцена.


Младиот човек по име Јани отишол кон рингишпилот со својот брат, додека неговата мајка и другиот брат стоеле и ги гледале.

Според преживеаниот брат, двајцата прво седнале на едното двојно седиште, но операторот им рекол да се префрлат на другото, што и го направиле.

„Пред да започне возењето, рече дека ќе биде силно. Отпрвин сè почна полека, а потоа побрзо и побрзо. Почувствував како ни се лизга седиштето, му реков на брат ми: „Јани, лизгаме“. Тој ме погледна, но немаше време да каже нешто. Тогаш почувствував како ми се откачи дел позади грбот, а брат ми одлета“, рекол братот на загинатиот млад човек.

Потоа раскажал како успеал да се спаси.

„Во секунда паднав на грб и сфатив дека брат ми веќе не е до мене. Грчевито се држев за железната шипка… Сето ова се случи пред другите, пред нашиот брат и мајка. Операторот го немаше никаде, други лица ја запреле машината „Кога се симнав, видов дека брат ми лежи на земја“, рекол младиот човек.

Полицијата го приведе сопственикот на забавниот парк, а истрагата за трагедијата е во тек.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK