Варшава под вода по ноќното невреме, сообраќајот парализиран

Screenshot-2024-08-20-115040.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Утрово, по ноќното невреме невидено во последните 40 години, Варшава осамна со поплавени клучни патишта, поради што полицијата ги повика возачите да не користат автомобили, туку само јавен превоз.



Во последните 24 часа во некои делови на Варшава наврнале 120 литри вода на метар квадратен, а на аеродромот Окенќе се забележани 93,8 литри вода на метар квадратен. Тој аеродром е отворен, но приодните патишта се поплавени.

Претходниот рекорд – 69 литри на метар квадратен за 24 часа – беше забележан во јули 1987 година.

Количината на дожд што падна во Варшава во претходните 24 часа паѓа во просек во текот на два месеци.

Водата поплави и еден од важните тунели, поради што сообраќајот во градот на источниот брег на Висла беше целосно парализиран, додека во другите делови беше тешко да се движи.

Полјаците масовно споделуваат слики од улици претворени во реки и заробени автомобили на социјалните мрежи.

Противпожарната единица утринава соопшти дека се испумпува вода на 70 места во градот и дека до вечер ќе биде повлечена доколку денеска нема дожд.

Градоначалникот на Варшава Рафал Цашковски ги пофали надлежните и апелираше граѓаните да ги остават возилата дома.

„Штом патиштата бидат проодни, ќе почнеме со чистење на улиците и паркинзите. Да почекаме да видиме колкава е штетата. После тоа може да се зборува за обештетување“, рече Цашковски на прес-конференцијата.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK