(Видео) Јаревски: Дали бизнис интересот од Блерим Рамадани на Шапка, е причина ДУИ да влијае врз Пајазити да изрече куќен притвор за истиот да избега

thumbnail_Тони-Јаревски-20.08.2024.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Која била целта на посетата на Блерим Рамадани на Македонија? Дали Блерим Рамадани бил носен на Попова Шапка од функционери на СДС и ДУИ и дали тој всушност се интересирал за градби на омиленото место за дивоградби на функционерите на ДУИ, праша Тони Јаревски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.


„Затоа ли Рамадани бил пуштен во куќен притвор наместо да биде во затворски? Затоа што ДУИ и СДС имаат бизнис интерес од него?

Дали ДУИ влијаеле врз Пајазит Пајазити кој е нивна продолжена рака во судството да изрече куќен притвор за Блерим Рамадани, за да може да избега, затоа што имаат бизнис интерес од него?“, дополнително прашува Јаревски.

Очекуваат, како што рече, институциите да отворат постапки и испоставите на СДС и ДУИ во судството како Пајазити да бидат разрешени.

Одговорност, според него, мора да има.

„Зад секоја јавна гласност на ДУИ се крие по некој бизнис интерес.

Додека народот се иселува, тие се богатат “, потенцира Јаревски.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK