Во собраниска процедура влегува Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за бесплатна правна помош

57649248_612131672638466_4954248710126043136_n-1-800x600.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за бесплатна правна помош влегува во собраниска процедура, информираат од Министерството за правда.


Со измените, како што појаснуваат, се врши негово усогласување со Законот за вештачење.

Според ресорното министерство, корисниците на бесплатна правна помош ќе имаат пристап до услугите од вешто лице.

„Со членот 1 од Предлогот на закон се менува членот 13 став 6 од Законот за бесплатна правна помош на начин што се определува дека наместо Бирото за судски вештачења, вештачењата за потребите на корисниците на секундарната правна помош ќе ги вршат физички лица запишани во Регистарот за вештаци или правни лица запишани во Регистарот на правни лица што вршат вештачење. Употребата формулација е во согласност со Законот за вештачење и таа меѓу другото ги вклучува и високообразовните, научните и стручните установи како и органите на државна управа врз основа на овластувања утврдени со закон.

Со измените се уредуваат правата и обврски на учесниците во постапката за секундарна правна помош. .Вештакот мора да биде од соодветната област која што е неопходна за решавање на правното прашање за кое е одобрена секундарната правна помош. Изборот на вештакот се врши согласно процесните закони. Се воспоставува обврска за соработка со корисникот како и со назначениот адвокат. Дополнително, се воспоставува обврска вештачењето, независно од која област се врши, да биде исклучиво за потребите на правното прашање за кое е одобрена секундарна правна помош. За прашањата поврзани со одговорноста, откажувањето, одбивањето да се вештаци се применуваат релевантните закони како и актите на Комората на вештаци.

Во законот се уредува постапката за исплата со што, како материјална одредба се применува членот 29 став 5 од Законот за вештачење кој ја уредува висината на наградата и надоместокот на трошоците“, се наведува во соопштението од министерството.

Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за бесплатна правна помош ќе се носи по скратена постапка .

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK