Нова цена на дизелот од полноќ

benzinska-pumpa.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,50 % во однос на одлуката од 15.8.2024 година.


Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 1,126%, кај дизелот 1,333%, кај екстра лесното масло за 2,161% и кај мазутот зголемувањето е за 1,851%.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,3232%.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 не се менуваат.

Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се зголемуваат за 0,50 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,491 ден/кг и сега ќе изнесува 46,295 ден/кг.

„Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 20.8.2024 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени“, велат од РКЕ.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK