Средба на Сиљановска Давкова со командантот на Националната гарда на Вермонт, генерал-мајор Грегори Најт и со заменик-амбасадорката на САД, Никол Варнс

Foto-1-1.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска во Охрид ги прими генерал-мајор Грегори Најт, командант на Националната гарда на Вермонт и заменик-амбасадорката на САД, Никол Варнс.


На средбата се разговараше за севкупната соработка на нашата држава со Националната гарда на Вермонт, како важен дел од стратешкото партнерство со САД и континуирана поддршка што САД од почетокот на независноста ја дава за евроатлантските интеграции на нашата држава, нејзиниот демократски развој, безбедност и стабилност.

Претседателката Сиљановска Давкова изрази благодарност за поддршката на проектите за модернизација и опремување на Армијата и ја истакна важната улога што Националната гарда на Вермонт ја имаше за исполнување на стандардите на НАТО и влезот на државата во Алијансата.

Претседателката Сиљановска Давкова ги поздрави намерите за натамошно проширување на соработката со Националната гарда на Вермонт за јакнење на нашите капацитети во одбраната и безбедноста.

На средбата се разговараше и за соработката во рамки на НАТО алијансата и за состојбите во поширокиот регион, во контекст на руската агресија на Украина. Претседателката Сиљановска Давкова ја реафирмираше посветеноста на државата да придонесува, согласно можностите и капацитетите во справувањето со заедничките закани.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK