Нова група деца од Кисела Вода заминаa на бесплатно летување

0.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Нова група дечиња утрово заминаa на спортски камп на брегот на Охридското Езеро. Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски им посака среќен пат на спортистите од со младинските категории од спортските клубови од општината и на основците од социјален ризик кои наредните седум дена бесплатно ќе летуваат и ќе се дружат.


„Денес, со радост испративме уште една група на млади спортисти и ученици од социјален ризик на спортски камп на брегот на Охридското Езеро. Овој бесплатен седумдневен камп е многу повеќе од обично летување; тој претставува одлична можност децата да се социјализираат, да создадат нови пријателства и да ги развиваат своите спортски таленти. Верувам дека преку вакви активности, децата не само што ќе ги усовршат своите спортски вештини, туку ќе научат и важни животни лекции за тимска работа, дисциплина и посветеност. Наша обврска е да продолжиме да ги поддржуваме и мотивираме младите спортисти, а оваа иницијатива е само дел од нашата континуирана стратегија за промоција на спортски активности и здрав начин на живот меѓу младите.Воедно, на ова гледам и како на начин да се спречи маргинализацијата на децата од социјално загрозените семејства. Сите деца, без разлика на нивната социјална позадина, заслужуваат еднаква шанса за успех и развој.
Како градоначалник, сакам да истакнам дека Општина Кисела Вода ќе продолжи да инвестира во вакви проекти, кои не само што го поддржуваат личниот и спортскиот развој на талентираните млади, туку и придонесуваат за надминување на социјалните бариери и создавање на еднакви можности за сите“, истакна градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.

Преку оваа мерка на Општина Кисела Вода бесплатно летување е овозможено на вкупно 165 дечиња.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK