Актерите од популарната серија „Емили во Париз“ неодамна присуствуваа на премиерата на четвртата сезона од споменатата серија на Нетфликс во Лос Анџелес, а вниманието го привлече Вилијам Абади.
Францускиот убавец се појави пред „The Egyptian Theatre“ во одело што ги поместува границите на машката мода.
Вилијам класичниот машки костум го замени со посмела комбинација, а впечатливата боја на смарагд дополнително ги истакна цветните мотиви кои се провлекуваа низ целиот аутфит.