Четириесет и седумгодишен маж од велешко пријавил дека бил измамен од едно лице за сума од 251.110 денари.
Според пријавеното, на 29 јули преку мобилна апликација лицето се договорило со него за набавка на бела техника. Како што е пријавено, договорената стока била испратена во Скопје и била преземена од друго лице, но парите не му биле исплатени во договорениот рок, а после една недела лицето веќе не било достапно, по што сфатил дека е измамен.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.