Надворешна канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против А.С.(51) и 41 – годишната А.С., двајцата од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста.
На 3 август во Струга, пријавените физички нападнале полициски службеници кои извршувале службени дејствија.