Четири лица илегално ја преминале границата, затекнати на Шар Планина додека береле шумски плодови

96424970_2832028170179898_854120518154977280_o.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Приведени се четири лица од Албанија кои илегално ја преминале државната граница.


Тие биле затекнати како собираат шумски плодови без соодветна дозвола што ја издава Национален парк „Шар Планина“, а во нивното возило „нисан навара“ со албански национални ознаки биле пронајдени шумски плодови, информираа од МВР во дневниот билтен.

Пронајдените плодови биле предадени на националниот парк, а лицата биле предадени на Полициската станица Гостивар за понатамошна постапка.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK