Во пресрет на одбележувањето на Денот на македонската Армијата, денеска министерот за одбрана оствари средба со командантот на Националната гарда на Вермонт, генерал мајот Грегори Најт кој е во посета на нашата земја.
За време на денешната средба се разговараше за досегашното партнерство и соработка помеѓу македонската Армија и Националната гарда на Вермонт која трае повеќе од 30 години и за нејзино интензивирање во иднина, извести Министерството.
Обуките, заедничките вежбовни активности, размената на питомци меѓу двете академии се показател за одличната соработка, која е значајна за натамошен развој на припадниците на Армијата и на Националната гарда на Вермонт кои покрај тоа што разменуваат искуства и стекнуваат нови знаења, градат силни врски.
Во рамки на денешната посета, министерот Мисајловски и генералот Најт го посетија Сајбер оперативен центар и Сајбер тренинг платформата во рамки на Армијата чија цел е да обезбеди соодветна сајбер одбрана, се наведува во соопштението на Министерството.