„Време е за училиште“ – подароци и попусти до 50 отсто во „Литература.мк“

BTS-2024_Newsletter800.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Во пресрет на новата учебна година, за посреќен и поуспешен почеток на сите ученици, „Литература.мк“ подготви специјална понуда со попусти до 50 отсто, како и подароци за купени производи од големиот избор на школски материјали.



Продажната акција „Време е за училиште“ ќе трае од 16 август до 14 септември 2024 година во сите книжарници на „Литература.мк“ (на ул. „Македонија“, во „Скопје сити мол“, „Ист гејт мол“, „Дајмонд мол“, ТЦ „Буњаковец“, Битола и Струмица), како и онлајн на www.literatura.mk.

Во акцијата има и неколку атрактивни понуди со подароци:
⦁ За сметка над 3990 денари следува подарок ранец „Хари Потер“.
⦁ Со сметка од 1890 денари како подарок ќе добиете креативен сет со „Хари Потер“ или со „Paw Patrol“.
⦁ За сметка од 1190 денари следува подарок зимско капче „Хари Потер“.
 

Овие специјални понуди важат за сметка од купен училиштен прибор од брендовите: „Herschel“, „POLO“, „Funko“, „Cerda“, „Giotto“, „Faber-Castell“, „Giovas“, „Staedtler“, „Statovac“ и други. Овој дел од акцијата важи во „Литература.мк суперстор“ во „Сити мол“, „Ист гејт мол“ и во „Дајмонд мол“.

За купен комплет вежбанки и збирки за едно одделение, во издание на „Арс Ламина“, следува подарок – сет маркери „Марвел“ или „Барби“.

За една купена вежбанка или збирка од оваа понуда на „Арс Ламина“ следува едукативен постер. Со секоја купена А5 тетратка и тетратка со тврд повез од брендот „Skriptie“ ќе добиете уште една гратис.

Специјалните понуди и попустите не се комбинираат. Подароците се во ограничени количества и акцијата важи до исцрпување на резервите.

Во книжарниците на „Литература.мк“ и онлајн, на www.literatura.mk може да се најде сѐ што им е потребно на учениците за новата учебна година, од гуми до глобуси: ранци, тетратки, школски прибор, едукативни помагала, дидактички прибор, тетратки за почетно пишување, материјали за ликовно, моливи, боички, фломастери, креативни изработки, забавно-едукативни изданија, книги со активности, читанки и лесно читливи лектири. На листата се и збирки задачи по математика, физика, вежбанки за општество, природни науки, македонски јазик и музичко, за основните и за средните училишта.

Каталогот со сите попусти и понуди можете да го разгледате на следниот линк: КАТАЛОГ

ПР

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK