Денеска околу 00.30 часот во СВР Куманово било пријавено дека на булеварот „Трета македонска ударна бригада“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „ауди“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од 17-годишник од село Отља, општина Липково, со место на живеење во Швајцарија и мотоцикл „кавасаки“ со скопски регистарски ознаки, управуван од 30-годишниот Х.С. од село Грушино, општина Арачиново, по што мотоциклот удрил во паркирано патничко возило „фиат“ со кумановски регистарски ознаки, паркирано од 39-годишниот А.Ш. од село Оризари, липковско, извести МВР.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во болницата во Куманово, велат од МВР.
По наредба на Јавен обвинител, извршен бил увид од увидна екипа на СВР Куманово.