Националниот џез оркестар и голем број солисти ќе настапат на Карпошовото културно лето

thumbnail_DSCF4068.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски, на денешната прес-конференција го најави почетокот на Карпошовото културно лето, кое годинава ќе се одржи традиционално по 15-ти пат.


– Оваа културно-уметничка манифестација, ќе трае од 19-ти до 27-ми август. За оваа намена, Општината издвои средства во висина од 2.500.000 денари. На овогодинешното Карпошово културно лето, кое започнува в понеделник, ќе настапат национален џез оркестар, гудачки оркестар и Радио Бубамара со солистите Андријана Јаневска, Џон Илија Апелгрин, Ана Петановска, Светлана Јовановска, Зорица Поп-Анкова и Драган Мијалковски, кои ќе бидат дел од македонскиот музички времеплов – рече Јакимовски.

Оваа година, плоштадот Делфина во Влае, девет дена ќе биде резервиран за незаборавна забава на која ќе настапуваат уметници, солисти, музичари, а ќе има програма и за најмладата публика. Првиот човек на Општината ги покани сите граѓани на Карпош и пошироко.

– Ги повикувам карпошани, како и граѓаните од другите општини, да присуствуваат на овие вечери, да се дружиме и забавуваме, малку да се релаксираме – заврши градоначалникот.

Локалната самоуправа го насочи фокусот кон македонската културна сцена, каде во рамки на овогодинешното јубилејно Карпошово културно лето, ќе настапуваат само домашни музичари, уметници и актери.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK