Демократската унија за интеграција изразува длабоко разочарување од крајно тенденциозната и повторена акција на институциите во земјата кон поранешниот војник на ОВК Блерим Рамадани од Косово, кој е прогонуван по наредба на српската влада и е уапсен во Скопје, велат од ДУИ.
„Губитниците на изборите, рако-бакнувачите вазали во моноетничката власт, кои го немаат легитимитетот на албанските гласачи, но се претпочитани на ВМРО, се пофалија дека го ослободиле Блерим Рамадани, мамејќи го народот дека мерките за безбедност се сменети, додека вчера полицијата повторно одлучила да го приведе и да го испрати во активен притвор.
Албанците се сирачиња и понижени со овие неспособни вазали без никаков национален и институционален капацитет. Секојдневното понижување се продлабочува и не поминува ниту еден ден без огромен скандал. За само 50 дена владеење без легитимитет, ВазаЛЕНИ ги поништи сите национални достигнувања и сега ги понижува и поранешните војници на ОВК со директни наредби од Вучиќ и Србија“, велат од партијата.