Балерина осудена во Русија: донирала пари на украинската армија, оди во затвор на 12 години за предавство

к.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Регионалниот суд во Свердловск во Русија ја осуди двојната државјанка на Русија и на САД, Ксенија Карелин на 12 години затвор за предавство, објави денеска Интерфакс.


 

Пресудата ќе стапи во сила 15 дена по нејзиното изрекување доколку странките не поднесат жалба.

Претходно беше објавено дека обвинителството побарало Карелин да биде осудена на 15 години затвор.

Таа беше уапсена и обвинета за предавство поради донација што ја дала на непрофитната организација Разом за помош на Украина.

Судот објави дека Ксенија Карелин извршила трансфер на средства во интерес на една од украинските организации од февруари 2022 година.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK