Мицкоски: Позитивната листа на лекови ќе биде проширена со осум нови

mickoski-1.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Позитивната листа на лекови ќе биде проширена со осум нови, набавките нема да се преку привилегирани семејни веледрогерии, изјави премиерот Христијан Мицкоски.


Со тоа, рече Мицкоски, осигурениците ќе заштедат до два милиона евра.

Премиерот очекува дека во иднина уште повеќе ќе се проширува позитивната листа на лекови и дека истите нема да се набавуваат преку привилегирани семејни веледрогерии.

„Ја поздравувам, честитам и очекувам и во иднина уште повеќе да се проширува, со што ќе се стави фокус на објективноста, а не на привилегирани семејни веледрогерии коишто изминативе децении го исцицаа здравствениот систем и практично го доведоа здравствениот систем ваков како што е триплирани вредности на медицински апарати, лекови итн. И сега сакаат огромни суми на камати на грбот на граѓаните да спечалат па блокираат здравствени установи итн.“, изјави премиерот.
Владата како што рече премиерот нема друг интерес освен интересот на граѓаните и пациентите.

„Сѐ ќе испитаме, сѐ ќе истражиме но, ја поздравувам одлуката на директорот на Фондот, само така треба да се продолжи да се работи за еден интерес е тоа, интересот на граѓаните и пациентите, немаме друг интерес.“, подвлече Мицкоски.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK