Анчелоти: Мбапе може да постигне и повеќе од 50 голови во една сезона

1723712079-RTS15RORL.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Мандатот на Килијан Мбапе во Реал започна добро. На првиот натпревар тој постигна гол, а тренерот на кралскиот клуб Карло Анчелоти беше импресиониран од неговите квалитети.



На крајот од Суперкупот, во кој Реал ја совлада Аталанта со 2:0, а француската суперѕвезда постигна гол, негов прв во белиот дрес, Анчелоти беше запрашан дали Мбапе може да достигне 50 гола оваа сезона.

– Може ли Мбапе да постигне 50 гола во една сезона? Може и повеќе – кратко и јасно одговори Анчелоти.

Мбапе никогаш во кариерата не успеа да постигне 50 гола во една сезона, а најблиску до тоа беше минатата сезона кога ја затресе противничката мрежа со 44 удари. Во Реал само еден играч успеал да постигне 50 гола во една сезона. Тоа е Кристијано Роналдо, кој успеа да го направи тоа четири пати.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK