На социјалните мрежи се појави видео снимка што наводно ја снимиле украински војници откако окупирале командно место во рускиот пограничен регион Курск. Војниците на видео ги исмеваат генералите на Владимир Путин.
Видеото беше објавено на профилот на WarTranslated од блогерот Дмитри Масински.
„Баравме два тенкови!“, вели еден од нив. „Земи пенкало и запиши“, вели друг.
With subtitles. https://t.co/LXsWDXCk28 pic.twitter.com/CF7QYbZwC1
— WarTranslated (Dmitri) (@wartranslated) August 14, 2024
Додека го држи телефонот, војник ги извикува имињата на поранешниот руски министер за одбрана Сергеј Шојгу и актуелниот началник на армијата Валери Герасимов и вика: „Каде е муницијата?
Претходно денеска, високи претставници на Киев изјавија дека Украина создава тампон зона во регионот и планира да организира хуманитарна помош и коридори за евакуација за цивилите кои сакаат да одат или во Русија или во Украина.