„Надал е „виновен“ за златото што го освои Ѓоковиќ на ОИ“

b1bac51_5219657-01-06.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Тенискиот стручњак Патрик Муратоглу, поранешен тренер на Серена Вилијамс, зборуваше за патот на Новак Ѓоковиќ до олимпиското злато. Смета дека клучен бил дуелот со големиот ривал Рафаел Надал.


„Мислам дека Новак имаше проблеми со мотивацијата пред Олимпијадата. Сите мислеа дека Рафа е готов и Новак го почувствува тоа. Тоа сигурно влијаеше на неговата мотивација. Сепак, Рафа се врати на земјена подлога, беше на добро ниво и тоа му даде дополнителна мотивација на Ѓоковиќ“, изјави Муратоглу.

Освен него, францускиот стручњак смета дека за подобрата игра на Новак придонеле и помлади тенисери.

„Синер одигра одлично, Алкараз… Мислам дека тоа го погоди неговото его и силно се врати и ја освои титулата што ја бркаше во текот на целата кариера, златниот медал на ОИ и со тоа ја комплетираше својата колекција“, заклучи Муратоглу.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK