Отворена изложбата „Мантра на љубовта” на Маја Андонова Јокиќ

850_8552.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Во НУ Центар за култура Крива Паланка синоќа беше отворената изложба „Мантра на љубовта“ од сликарката Маја Андонова Јокиќ.


На изложбата се поставени уметнички дела од кои најголем дел се создадени за време на карантинот во ковид кризата, а секое дело го бои моментот на животот, ги буди тајните и ги поместуваа границите на личното ослободување.

Пристутната публика настанот го поздрави со аплаузи и честитки за авторката која по вторпат го претставува своето творештво во Крива Паланка.

„На претходната изложба имав многу убав прием и на покана на Центарот на култура со задоволство прифатив повторно да го претставам моето творештво овде. Едноставно има некоја смиреност и различност, за разлика од главниот град каде се е доста енергично и набиено. Публиката покажа интерес за уметноста и разговаравме за изложбата од што се гледа дека им требаат вакви настани кои ќе го збогатат културното лето. “

Андонова Јокиќ е родена во Скопје и дипломирала на Економскиот факултет. Покрај професијата, посветена е на создавање уметнички дела и водење на работилници за деца и возрасни, со цел да се направат промени во општеството. Таа, воедно, е и трагач по одговори за човековата душа, вљубеник е во јогата, изгрејсонцата, облаците и зајдисонцата.

Организатор на изложбата е НУ Центар за култура, а се реализира во рамки на Кривопаланечко културно лето и Крива Паланка – Град на културата.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK