Жените и девојчињата во Појасот Газа се принудени да ја кратат косата поради недостиг на шампон и чешли, како и поради загадената вода која предизвикува кожни и габични инфекции, вклучувајќи шуга.
Израелската блокада на палестинската енклава придонесува за брзото ширење на заразни болести, а населението се соочува со недостиг на сапун, шампон, менструални производи и средства за чистење.
– Во последниот период најчести заболувања што ги среќаваме се осип на кожата и други кожни заболувања, кои имаат многу причини, вклучувајќи пренаселеност во камповите, зголемена топлина во шаторите, потење кај децата и недостиг на вода за бањање, изјави Лобни ал-Азаизи, лекарка во болницата Камал Адван во Појасот Газа.