Арсовска го разреши и директорот на ЈП „Паркови и зеленило“, Мартин Ангеловски

330955687_225890713159172_8232607079024131234_n.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Поради неправилности при работењето и непочитувањето на договорот за вработување од функцијата директор на ЈП „Паркови и зеленило“ е разрешен Мартин Ангеловски, информираат од Град Скопје.


„Справувањето со корупцијата и самоволието во градот Скопје беше и едно од главните предизборни ветување на градоначалничката Данела Арсовска.

Никој не смее да си поигрува со народните пари, а уште помалку со довербата на граѓаните на градот Скопје.

Во ЈП Паркови и зеленило е најавена и вонредна ревизија од град Скопје која треба да започне до крајот на оваа недела,“ се додава во соопштението.

Мартин Ангеловски беше назначен на 26 јуни годинава. На 9 август беше запален службениот автомобил на Митковски пред неговиот дом во скопската населба Ѓорче Петров.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK