Владата денеска ја одржа редовна седница на која донесе повеќе одлуки.
Владата ја разгледа и ја усвои Одлуката за престанување на важење на согласноста за зголемување на нотарската тарифа.
Според информацијата, претходната Одлука на Владата од 06 јуни, со која се покачија нотарските тарифи беше оценето дека е избрзана и предизвика товар врз граѓаните.