Перишиќ го напушта Хајдук

77feeaf7-4105-46bf-927e-068931d0c01f.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Иван Перишиќ (35) по нецели осум месеци ќе го напушти Хајдук.



Во вторникот наутро на „Пољуд“, клупските челници држале состанок со Перишиќ, а спортскиот директор Никола Калиниќ за официјалниот сајт на клубот ги пренесе следните заклучоци: „Жал ни е што се создаде атмосфера која имаше крајно негативно влијание врз клубот, но особено врз Иван и неговото семејство, кои претрпеа незаслужено бројни непријатности. За жал во последните неколку дена дојде до несогласувања, кои ќе резултираат со раскин на договорот“, рече Калиниќ.

„Во наредните денови ќе донесеме одлука дали разделбата ќе биде во форма на трансфер или взаемно раскинување на договорот“.

За потсетување, Перишиќ беше исфрлен од тимот на Хајдук за неделното гостување кај Локомотива во сабота навечер. Тој натпревар заврши 1:1, а Хајдук прими гол од пенал во последните секунди.

Тренерот на Хајдук Џенаро Гатузо ги објасни причините за отсуството на Перишиќ и откри дека сака да го напушти Сплит:

„Пред 20 дена дојде во мојата канцеларија и ми рече дека би сакал да замине. Ако некој не сака да остане, тогаш морам да го почитувам остатокот од тимот, а во соблекувалната има правила кои мора да се почитуваат“.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK