Ливерпул планира да го донесе Мамардашвили

00GNZgq1BXgAEOcWu.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Премиер лигата започнува во петок, а Ливерпул не е особено активен во преодниот рок.


До крајот на преодниот рок, Ливерпул има намера да донесе нов голман. Станува збор за голманот на Валенсија и репрезентацијата на Грузија, Ѓорѓи Мамардашвили.

Наводно, Ливерпул подготвил 30 милиони, што ги става „лилјаците“ пред огромно искушение. Вистинското прашање е што значи ова за Алисон, кој досега беше неприкосновен меѓу стативите?

Планот на Ливерпул е веднаш да го испрати Мамардашвили на позајмица во клуб од Премиер лигата, а одд наредната сезона тој да биде прв голман на местото на Алисон Бекер.

Доколку Мамардашвили ја напушти Валенсија, тоа значи дека Столе Димитиревски сигурно ќе остане на „Местаља“. Димитриевски на почетокот на преодниот рок потпиша договор со Валенсија, но Шпанците објавија дека тој има клаузула, според која може да замине до крајот на трансфер периодот доколку не добие гарнации дека ќе биде прв голман.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK