Министерот Владо Мисајловски се сретна со амбасадорката на Романија, Н.Е. Моника Аксинте и со одбранбеното аташе, полковникот Каталин-Петре Арчип, во Министерството за одбрана, на која беше потврдена успешната соработка помеѓу двете сојузнички земји.
Министерот Мисајловски упати благодарност за помошта која Романија ни ја пружи во справувањето со пожарите со упатување на два специјални авиони и тимови за гаснење пожар.
За време на средбата се разговараше за регионалната соработка која е од особено значење за стабилноста на регионот како и за можностите и унапредување на билатералната одбранбена соработка преку размена на експерти на полето на односи со јавност, кризни состојби, одбранбеното право како и стручното оспособување.