(Видео) Јабуселе на постер го стави Леброн: Ќе ја врамам сликата и ќе ја обесам дома

4-1917989.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Францускиот кошаркар Гершон Јабсуле го одбележа мечот за златото на Олимписките игри со спектакуларно забивање преку Леброн Џејмс.


Франција загуби, но за утеха Јабуселе има момент за паметење, авторитативно заби над еден од најдобрите играчи на сите времиња.

„Неверојатен потег. Кога го видов, помислив или ќе забијам или тој ќе ме блокира. Немав избор. Не можев да одам на положување. Не размислувате многу во тој момент и кога го видов контактот и конечно успеав да забивам, им ја кренав самодовербата на соиграчите“, изјави Јабуселе.

Сликата на Леброн како паѓа, а Јабуселе виси на обрачот го обиколи светот. Да не беше „рафалот“ на Стеф Кари во последните две и пол минути и победата на Американците, многу повеќе ќе се зборуваше за спектакуларниот потег на францускиот кошаркар.

„Колку што можам да видам, во моментов не се зборува многу за мојот потег, но сепак ќе го врамам и ќе го обесам дома“, вели на шега Јабуселе.

Францускиот крилен центар две сезони (2017-2019) играше во НБА, во дресот на Бостон, пред да се врати во Европа.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK