Палестинска агенција: Израел нападна училиште во Газа, загинаа повеќе од 100 луѓе

gaza.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Повеќе од 100 Палестинци беа убиени, а десетици ранети во израелски напад врз училиште во Газа во кое беа сместени раселените луѓе, објави официјалната палестинска новинска агенција, додека израелската војска соопшти дека погодила команден центар на Хамас.


„Израелските напади беа насочени кон раселените лица додека беа на молитва, што доведе до брз пораст на бројот на жртви“, соопшти канцеларијата за медиуми на владата на Хамас во Газа.

Од друга страна, израелската армија преку соопштение наведе дека нејзините воздушни сили го нападнале командно-контролниот центар кој служел како засолниште на терористите и командантите на Хамас.

„ИАФ прецизно ги погоди терористите на Хамас кои дејствуваа во командниот и контролниот центар на Хамас, вграден во училиштето Ал-Табаин и лоциран до џамијата во Дарај Туфах, која служи како засолниште за жителите на градот Газа“, се вели во соопштението.

Израелската војска тврди дека пред нападот биле преземени голем број чекори за да се намали ризикот од цивилни жртви, вклучително и употреба на прецизна муниција, воздушно набљудување и разузнавање.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK